Дома Останати Кошарка НБА се смее на овој кош: Броеја до пет чекори, а судиите молчеа

НБА се смее на овој кош: Броеја до пет чекори, а судиите молчеа

Бостон славеше против Филаделфија со 125:120 по продолжение, но по натпреварот резултатот остана во втор план поради една ситуација што предизвика жестоки реакции.

Во центарот на вниманието се најде Хуго Гонзалес, кој постигна кош што многумина веднаш го оценија како очигледно нерегуларен. Иако акцијата изгледаше како класичен пример за чекори, судиите не реагираа и му ги признаа поените.

Спорниот момент се случи во контранапад, кога Гонзалес на пат кон кошот целосно се заплетка во движењето. Наместо акцијата да биде прекината, тој продолжи да чекори и на крајот заврши со реализација. Според реакциите по мечот, многумина избројаа дури пет чекори пред положувањето.

Токму затоа снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, каде навивачите го исмеаја потегот и жестоко ја критикуваа судиската одлука. Дел од коментарите одеа дотаму што овој кош го нарекоа еден од најнерегуларните што некогаш биле признаени.

Не е тајна дека во НБА лигата често има потолерантен критериум кога станува збор за движењето со топка, особено при влез кон кошот. Сепак, во овој случај реакциите се речиси едногласни дека прекршокот морал да биде санкциониран.

Наместо да се зборува за победата на Бостон по драматично продолжение, јавноста остана фокусирана на потегот на Гонзалес и на прашањето како ваква акција воопшто поминала без свиреж.

Погледнете како изгледаше спорниот момент:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тренерите во НБА веруваат во Сан Антонио: Венбањама прв фаворит за МВП

Годишната анкета меѓу НБА тренерите го издвои Сан Антонио како прв кандидат за титулата, а…