Дома Останати Тенис АТП најави 350 милиони долари за тенисерите до 2028 година

АТП најави 350 милиони долари за тенисерите до 2028 година

Асоцијацијата на тениски професионалци објави план со кој во 2028 година треба да се распределат вкупно 350 милиони долари преку наградни фондови и бонуси за тенисерите.

Објавата доаѓа во период кога и АТП и ВТА се под силни критики поради пренатрупаниот календар, кој практично трае 11 месеци во годината.

Според презентираниот план, бонусите за играчите ќе пораснат на 50 милиони долари, што е значително повеќе во однос на сегашните 21,1 милиони.

Покрај тоа, дополнителни 25 милиони долари ќе бидат поделени меѓу првите 250 тенисери на ранг-листата, а уште 30 милиони долари се предвидени за пензии за повеќе од 300 поранешни играчи.

Во пакетот е најавено и зголемување на наградните фондови на турнирите.

„Тенисот е во многу добра позиција во моментов. Нашите турнири продолжуваат да стануваат се попопуларни и подобри, а играчите имаат рекордни приходи. Но, за да останеме силни, мора да продолжиме да се развиваме“, изјави првиот човек на АТП, Андреа Гауденци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз го менува распоредот: ќе настапи на силниот турнир во Виена

По раната елиминација во Шангај, Карлос Алкараз направи промена во календарот и се пријави…