Дома Фудбал Владата на Хрватска остро удри по Торцида: „Срамно однесување, нема место за славење на нацистички режим“

Владата на Хрватска остро удри по Торцида: „Срамно однесување, нема место за славење на нацистички режим“

Хајдук го совлада Ајакс во Сплит во 1. коло од Конференциската лига, но натпреварот остана засенет од инцидентите што се случуваа пред и за време на мечот.

Во центарот на вниманието беше Торцида, откако според информациите од изворот беа забележани нацистички и антисемитски пораки пред почетокот на средбата. Дополнително, натпреварот бил и прекинат поради големата количина чад што настанала кога на трибината на домашните биле запалени бакли.

Случувањата предизвикаа силни реакции, а Хајдук јавно се огради од инцидентите. Клубот објавил соопштение во кое им се извинил на гостите од Холандија, како и на УЕФА, поради однесувањето на дел од своите навивачи.

Во меѓувреме, со официјален став излезе и Владата на Хрватска, која остро ги осуди настаните и најави санкции за одговорните.

„Силно ги осудуваме недозволивите извици со кои се слави нацистичкиот режим, а кои беа забележани за време на кортеото на дел од навивачите пред натпреварот во Сплит. Полицијата спроведува криминалистичка истрага за да ги утврди и процесуира лицата што ги извикувале казнивите пораки. Таквото срамно однесување претставува негација на спортот и на демократските вредности што ги негува модерна Хрватска“.

Така, мечот меѓу Хајдук и Ајакс, наместо по резултатот, ќе остане запаметен по сцените надвор од теренот и по реакциите што следуваа по нив. Според соопштението, полицијата веќе работи на идентификација и процесирање на одговорните лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанците во ЛШ веќе се во проблем: само четири бода по две кола

Интер, Наполи, Рома и Комо имаат слаб старт во новата сезона од Лигата на шампионите, а би…