
Трката за трофејот во ЕХФ Европскиот куп 2026/27 според најавите би можела да биде една од најнеизвесните во последните години.
Во пресрет на второто коло, Handball Planet го објави својот „пауер ранкинг“ на 16-те главни кандидати за титулата, а на самиот врв се наоѓа ГРК Охрид, кој минатата сезона стигна до историски европски успех.
Веднаш зад охриѓани е РК Алкалоид, додека во најтесниот круг фаворити се вбројуваат и Олимпијакос и Бешикташ. Според ова рангирање, силна конкуренција се очекува и од клубови од Норвешка, Словенија, Грција, Србија, Исланд, Полска, Швајцарија и Романија.
Топ 16 фаворити за ЕХФ Европскиот куп 2026/27
- ГРК Охрид (Македонија)
- РК Алкалоид (Македонија)
- Олимпијакос (Грција)
- Бешикташ (Турција)
- Рунар Сандефјорд (Норвешка)
- Тримо Требње (Словенија)
- РК Војводина (Србија)
- Нербо (Норвешка)
- Хаукар (Исланд)
- АЕК Атина (Грција)
- Горење Велење (Словенија)
- Островија Острув Велкополски (Полска)
- Пфади Винтертур (Швајцарија)
- Потаиса Турда (Романија)
- Поли Тимишоара (Романија)
- Словењ Градец (Словенија) / РК Горица (Хрватска)
Дополнителна тежина на оваа листа дава и фактот што неколку од клубовите веќе имаат сериозни резултати во ова натпреварување.
Последни 10 финалиња во натпреварувањето
2026: ГРК Охрид – Татабања 60:53
2025: Алкалоид – АЕК Атина 39:25
2024: Валур – Олимпијакос 62:61
2023: Војводина – Нербо 55:46
2022: Нербо – Минаур Баја Маре 56:51
2021: АЕК Атина – Истадс ИФ 54:46
2019: ЦСМ Букурешт – Мадеира 48:42
2018: Потaиса Турда – АЕК Атина 59:49
2017: Спортинг КП – Потaиса Турда 67:52
2016: АБЦ Брага – Бенфика 53:51
Резултатите се вкупни од двата финални натпревари.
Натпреварувањето до 2020 година беше познато како ЕХФ Челинџ куп, а потоа го доби сегашното име. Изданието во сезоната 2019/20 беше откажано поради пандемијата со Ковид-19.
Вреди да се потсети и дека финалето во 2025 година беше решено откако АЕК Атина не го одигра реваншот, па тој службено му беше регистриран на Алкалоид со 10:0.