Дома Останати Тенис Рафаел Ходар го изненади Ѓоковиќ со победа во Шангај

Рафаел Ходар го изненади Ѓоковиќ со победа во Шангај

Младиот шпански тенисер Рафаел Ходар, кој веќе го доби прекарот „новиот Рафаел Надал“, успеа да го победи Јиржи Лехечка со резултат 2:1 во сетови (4:6, 7:6, 6:4) и да се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Шангај.

Оваа победа му донесе лоши вести на Новак Ѓоковиќ, со кого Ходар се натпреварува за место на завршниот Мастерс турнир во Торино. Лехечка, познат по тоа што е тежок противник на ATP турнејата, го започна натпреварот силно и го освои првиот сет. Иако Ходар имаше шанса да се врати, не успеа, па Лехечка поведе со 1:0.

Во вториот сет, кој траеше повеќе од еден час, гледавме одличен тенис без ниту еден брејк. Ходар имаше две шанси за брејк, а Лехечка една, но сетот беше решен во тајбрејк, каде што Ходар беше доминантен и изедначи на 1:1.

Во третиот сет, Лехечка имаше три брејк топки, но не ги искористи. Ходар стрпливо чекаше и на крајот направи брејк со „нула“ во деветтиот гем, што му овозможи да го потврди својот пласман понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ќинвен Женг ја испиша историјата на кинескиот тенис

Ќинвен Женг стана првата Кинеска која освоила Мастерс турнир, триумфирајќи во Пекинг. …