
Гранит Џака, капитенот на Сандерленд и швајцарската репрезентација, се најде во центарот на нов скандал поради инцидент во трговски центар во Англија. Искусниот фудбалер влезе во вербален судир со човек кој го провоцираше поради неговите правни проблеми во Швајцарија.
Според британскиот весник “Сан”, провокаторот бил навивач на Њукасл, голем ривал на Сандерленд. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Џака се обидува да се оддалечи со сопругата Леонита, додека непознат човек му добацува навреди.
Провокаторот го потсетувал Џака на случајот со фалсификуваната потврда за вакцинација од 2022 година, кога Џака играше за Арсенал. Фудбалерот првично се обидел да ги игнорира провокациите, но на крајот се свртел кон човекот кој го снимал.
Shouting Covid to Granit Xhaka and giving him abuse is just pathetic. Everyone should have a choice if the want to take a vaccine or not 💉 https://t.co/mRf6YrQcgs— CJ 🍀 (@celtic_jaime) October 9, 2026
Сериозен инцидент беше избегнат благодарение на друг минувач, кој му пристапи на Џака, разговараше со него и му подаде рака. Провокаторот продолжи со навредите, спомнувајќи го и името на Бруно Гимараеш, што дополнително го испровоцира Џака.
Овој инцидент се случи само ден по признавањето на Џака за фалсификуваната потврда за вакцинација, што повторно го стави во центарот на вниманието. За среќа, не дојде до физички судир.