
Леброн Џејмс, еден од најголемите кошаркари на сите времиња, го подигнува луксузот на ново ниво. Според американските медиуми, Џејмс патува на тренинзи на Филаделфија Севентисиксерс со приватен хеликоптер, наместо со автомобил или комерцијални летови.
Секојдневно, Леброн се качува во хеликоптер за да го премине растојанието од неговиот дом во Њујорк до арената во Филаделфија. Повратното патување чини речиси 12.000 долари. Но, она што го изненади јавноста е фактот дека Џејмс не плаќа ништо за овие летови.
Целата организација на превозот има за цел да го избегне сообраќајниот метеж на источниот брег на САД, кој може да трае со часови. Со хеликоптер, Леброн лесно ги избегнува колоните и стигнува одморен на тренинг, а потоа брзо се враќа дома кај семејството.
LeBron James se mueve en helicóptero entre su casa en Nueva York y Philadeplhia para entrenar con los Sixers. Ida y vuelta tendría un valor cercano a los 12.000 dólares, pero la estrella de la NBA no paga un solo dólar https://t.co/T9mJVTNsuE— Marcelo Chaijale (@mchaijale) October 7, 2026
За обичниот човек, овие суми изгледаат астрономски. Превозот преку услугата “Blade”, која е како хеликоптерски “Uber”, чини 4.645 долари во еден правец. Иако Џејмс заработува минимум 3,87 милиони долари оваа сезона, се претпоставува дека бесплатните летови се дел од неговиот договор како дополнителен бенефит.
Ако Леброн лета шест пати неделно на тренинзи, неделно заштедува над 55.000 долари на превоз. До крајот на регуларната сезона, оваа заштеда достигнува неверојатни 668.000 долари. Ова значи дека за Леброн, патувањето на работа стана чисто уживање, додека неговиот паричник останува нетакнат.