
Тренерот на Барселона смета дека на неговиот тим не му е потребно засилување во нападот, што ја менува ситуацијата околу евентуалното доаѓање на Јулиан Алварез.
Во текот на летниот преоден рок, евентуалниот трансфер на Јулиан Алварез од Атлетико во Барселона беше топ тема. Но, на крајот, до трансферот не дојде, а како што изгледа сега, нема ни да се случи во иднината.
Јулијан Алварез долго време се споменуваше како голема желба на каталонскиот клуб, но тренерот на Барселона, Ханси Флик, сега има поинаков поглед на ситуацијата.
Имено, според последните информации, германскиот тренер е подготвен да се откаже од Аргентинецот со цел парите да се насочат кон засилување на последната линија.
Флик наводно смета дека Барселона има повеќе потреба од дополнително решение во одбраната отколку уште еден голем напаѓачки трансфер. Со други зборови, Алварез повеќе не е недопирлива опција, а приоритетите во меѓувреме се промениле.
Барселона во текот на летото бараше начин да доведе напаѓач, а Алварез беше едно од најзвучните имиња. Сепак, проблемот не беше само во парите. Атлетико Мадрид не сакаше лесно да ги отвори вратите за неговото заминување, додека и самата Барселона мораше да води сметка за финансиските прилики.