Дома Фудбал Eлези: Веруваме дека можеме до позитивен резултат со Швајцарија!

Eлези: Веруваме дека можеме до позитивен резултат со Швајцарија!

Македонската А репрезентација го имаше првиот собир и вчера го одработи првиот тренинг во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации. Нашата селекција во Лигата Б ја очекуваат четири натпревари против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

На репрезентативниот собир дополнително се приклучија Столе Димитриевски, Езџан Алиоски, Елмин Растодер и Христијан Малески. Дарко Чурлинов поради административни проблеми поврзани со неговиот престој во Полска нема да биде во можност да настапи на претстојните натпревари.

Првиот предизвик за избраниците на Гоце Седлоски е дуелот со Швајцарија на 26 септември во Скопје, по што следуваат гостувањето кај Словенија на 29 септември, гостувањето кај Швајцарија на 6 октомври во Луцерн и натпреварот против Шкотска на 3 октомври во Скопје.

Во пресрет на првиот натпревар, Агон Елези, кој во одлична форма настапува во дресот на Сараево, истакнува дека фокусот на репрезентацијата во овој момент е целосно насочен кон Швајцарија.

„Најпрво, огромно е задоволството и привилегијата повторно да се биде дел од оваа репрезентација, од оваа фантастична група. Вистина е дека не очекуваат четири многу тешки натпревари, но моментално за нас постои само еден, тој во сабота против Швајцарија. Сите ги знаеме нивните квалитети и ние мораме да се фокусираме само на себе, да не правиме грешки, затоа што секоја наша грешка може многу да не чини.

Швајцарија покажа на Мундијалот дека е во сериозна форма и дека има сериозни квалитети во секој поединец. Но, ние треба да се фокусираме на себе и да имаме доверба дека можеме да направиме позитивен резултат. Така и ќе влеземе во натпреварот. Најбитно на претходните натпревари беше да се запознаеме со новиот стручен штаб, со новите играчи и со новите идеи. Сметам дека ни донесоа многу и дека научивме многу.

Најважно беше да направиме добра атмосфера меѓу нас, меѓу играчите, а тоа и се покажа. Сите сме во добра атмосфера, имаме добра кохезија и сега само тоа треба да го пренесеме на теренот, почнувајќи од сабота.“

Натпреварот Македонија – Швајцарија се игра на 26 септември со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓекереш од јануари во Серија А, го засилува италијанскиот великан!

Виктор Ѓекереш би можел уште за време на јануарскиот трансфер период да го напушти Арсенал…