
Во текот на последните две децении, Новак Ѓоковиќ безброј пати ги израдува љубителите на тенисот ширум светот со освоените големи трофеи.
Српскиот тенисер има дури 24 Гренд Слем титули, олимписко злато од Париз, многу АТП Мастерс трофеи и уште многу успеси кои создадоа една од најуспешните кариери во историјата на тенисот.
Иако веќе е во својата 39-та година, Ѓоковиќ и понатаму игра на највисоко ниво, а следната недела го очекува нова борба за трофеј во Пекинг.
Сепак, малкумина денес се сеќаваат на неговите први чекори на големата тениска сцена.
Пред да ја освои својата прва АТП титула во Амерсфорт во 2006 година, Ѓоковиќ веќе имаше значајни резултати во јуниорска конкуренција. Токму од тој период овие денови на друштвените мрежи кружат фотографии кои прикажуваат некои од тогашните млади надежи на светскиот тенис.
Junior days, 2003.
— Danny (@DjokovicFan_) September 20, 2026
All four became world #1 and won multiple Grand Slam titles. pic.twitter.com/aDfscsk78e
На фотографиите од 2003 година се наоѓаат Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Викторија Азаренка и Анџелик Кербер, тогаш уште тинејџери кои штотуку требаше да стапнат во врвот на светскиот тенис.
Особено внимание привлече изгледот на младиот Ѓоковиќ. Многумина забележаа дека српскиот ас и денес го задржал скоро истиот изглед на лицето. Сличен е случајот и со Енди Мареј, додека за љубителите на тенисот беше потешко да ги препознаат тогашната Викторија Азаренка и Анџелик Кербер.