Дома Фудбал Причината поради која Габриел го напушта Јунајтед ќе ги заболи сите навивачи: Тоа не се простува

Причината поради која Габриел го напушта Јунајтед ќе ги заболи сите навивачи: Тоа не се простува

Во последните десетина дена, една од главните фудбалски приказни е младиот 15-годишен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеј Џеј Габриел.

Имено, момчето кое се смета за еден од најголемите фудбалски таленти во светот побара “исписница” од Јунајтед.

Многу се шпекулираше околу причините за оваа негова одлука, но сега изгледа дека конечно се откриени.

Имено, според англискиот Мирор, Габриел сака да го напушти Олд Трафорд бидејќи неговото семејство верува дека Јунајтед значително заостанува зад своите ривали и дека неговиот развој би бил подобар во некоја друга средина.

Токму таквиот став може да предизвика голем гнев меѓу навивачите, бидејќи не е исто кога играч сака да замине поради минутажа, договор или некоја друга понуда и кога неговото семејство смета дека Манчестер Јунајтед повеќе не е средина во која младиот фудбалер може да направи вистински напредок.

Армија навивачи на Јунајтед ваквите зборови на тинејџерот и неговото семејство сигурно нема лесно да ги простат.

Олд Трафорд со години беше место каде што се развивале големи играчи. Сега, меѓутоа, доаѓа време во кое еден млад фудбалер и неговите најблиски сметаат дека ќе го остварат својот развој подобро на друго место.

Каде ќе ја продолжи кариерата младиот фудбалер се уште не е познато, иако за неговите услуги се заинтересирани многу европски гиганти.

Но, судејќи по неговото однесување на социјалните мрежи, може да се рече дека е најблиску до Реал Мадрид, со оглед на тоа дека Габриел неодамна го следеше “кралскиот клуб” како и неколку играчи на Реал, но и профилот на младинската школа на Реал.

Но, тоа не е сè, односно неодамна се појави и информација дека со своите родители отпатувал во Барселона на разговори, така што можеме да ја видиме борбата на шпанските гиганти за овој млад фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коло Муани направи операција, но нема да пропушти натпревари на Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Рандал Коло Муани, настрада при победата над Аталанта со 2:0 во нат…