Дома Фудбал Трпение за Шешко веќе нема на Олд Трафорд: Јунајтед веќе гледа кон нов напаѓач!

Трпение за Шешко веќе нема на Олд Трафорд: Јунајтед веќе гледа кон нов напаѓач!

Словенечкиот репрезентативец не беше во составот на Мајкл Керик за гостувањето против Фулам, кое заврши со резултат 1:1, а во овој момент не е јасно колку долго ќе биде надвор од терените.

Керик по натпреварот призна дека ниту во клубот сè уште немаат комплетна слика.

“Сè уште не сме осигурни кога е во прашање Бен. Почувствува болка по мечот против Брајтон и моментално правиме испитувања. За Фулам дефинитивно не беше подготвен, а во овој момент немам повеќе информации”, рече тренерот на Манчестер Јунајтед.

И токму поради неизвесноста околу Шешко, но и плановите за остатокот од сезоната, на Олд Трафорд повторно почнаа сериозно да го следат напаѓачот кој го посакуваат веќе години наназад.

Според информациите од TEAMtalk, станува збор за Серхоу Гираси, напаѓачот на Борусија Дортмунд кој уште од 2023 година е на радарот на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед го сакаше уште пред да заврши во Штутгарт, но тогаш не дојде до договор. Англискиот гигант потоа се сврти кон Расмус Хојлунд, чие престојување на Олд Трафорд не ги оправда очекувањата, а Данецот подоцна заврши во Наполи.

Во меѓувреме, Гираси израсна во еден од најефикасните напаѓачи на Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Икарди пред големо враќање? Великанот донесе конечна одлука!

Тотенхем по првите пет кола од Премиер лигата нема ниту една победа и се наоѓа на дното на…