Дома Фудбал Најголемата ѕвезда на Словенија ќе го пропушти натпреварот со Македонија!

Најголемата ѕвезда на Словенија ќе го пропушти натпреварот со Македонија!

Репрезентацијата на Словенија ќе биде ослабена во натпреварот против Македонија бидејќи овој репрезентативен прозорец ќе го прескокне напаѓачот на Манчестер јунајтед, Бенјамин Шешко.

Словенија ја чекаат четири натпревари, два против Шкотска и по еден со Македонија и Швајцарија, а Шешко нема да биде во комбинација за настап.

Манчестер јунајтед потврди дека тој ќе биде подложен на детални прегледи по што ќе почне со индивидуален план на рехабилитација.

Според најавите тој би бил подготвен да настапи за Јунајтед на 10 октомври кога „ѓаволите“ ќе играат против Тотенхем.

Словенија и Македонија ќе се сретнат во Љубљана на 29 септември, три дена претходно нашата репрезентација ќе игра дома против Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трпение за Шешко веќе нема на Олд Трафорд: Јунајтед веќе гледа кон нов напаѓач!

Словенечкиот репрезентативец не беше во составот на Мајкл Керик за гостувањето против Фула…