Дома Останати Тенис Најдобрата германска тенисерка добива смртни закани, бесни обложувале барале да им врати пари

Најдобрата германска тенисерка добива смртни закани, бесни обложувале барале да им врати пари

Ева Лис, 23-годишна тенисерка и моментално најдобро рангирана германска играчка, ја доживува кулминацијата на својата професионална кариера, но во исто време и личен кошмар поради зголеменото внимание.

Нејзините одлични настапи ја донесоа меѓу 40-те најдобри тенисерки во светот, но со слава доаѓа и темната страна на популарноста.

Дваесетчетиригодишната Германка секојдневно се соочува со жестоко онлајн насилство, закани со смрт и навреди во реалниот живот, најчесто од страна на раздразнети коцкари.

Лис реши да го прекине молчењето, иако експертите за односи со јавноста ѝ советуваа да ги игнорира нападите. Таа откри дека навредите вклучуваат закани со силување и смрт, кои се насочени не само кон неа, туку и кон нејзината мајка.

“После секој пораз добивам илјадници пораки полни со омраза директно на Инстаграм. Многумина ми испраќаат износи кои ги загубиле на коцкарниците и бараат да им ги вратам парите. Тоа е целосно болест,” изјави германската тенисерка, дополнувајќи дека за омразата со која се соочува, би можела да напише книги.

За жал, проблемот од социјалните мрежи се прошири и во реалниот свет, претворајќи се во сериозна безбедносна закана. Опсесивни обожаватели почнаа да ја следат на турнирите, а неодамна имаше вознемирувачко искуство со прогонувачи кои успеале да ги дознаат адресите на нејзините тренинзи, хотелите во кои престојува, па дури и броевите на нејзините соби.

Поради ваквите случаи на навлегување во приватноста, Лис сега тесно соработува со Женската тениска асоцијација (WTA) за да ги заштити себе и своето семејство.

Нејзиниот случај, за жал, не е изолиран, бидејќи безбедноста на играчките стана жежечко прашање во женскиот тенис. Ѕвезди како Ема Радукану, Ига Швјонтек и Јулија Путинцева исто така неодамна доживеаa слични непријатности од страна на прогонувачи и вербално малтретирање од трибините.

Експертите предупредуваат дека природата на индивидуалниот спорт, постојаното медиумско изложување и раниот влез на младите и атрактивни девојки во професионалните води создаваат амбиент кој има магнетно привлекување за опасни личности.

За справување со оваа епидемија, WTA воведе иновативна услуга Threat Matrix, која преку вештачка интелигенција детектира навредлива содржина и оценува нивоа на закана. Колку е сериозна ситуацијата покажува фактот дека само помеѓу јануари и октомври 2025 година системот пронајде околу 12.000 објави кои ги прекршуваат правилата, додека 15 најекстремни случаи директно беа пријавени на полицијата.

Покрај борбата за својата безопасност, Ева Лис се залага и против вкоренетите предрасуди во професионалниот спорт. Таа отворено ја критикува стигмата дека тенисерките треба да се прикажуваат исклучиво како “работнички кои сѐ жртвуваат”.

“Како да не треба да се забавуваме, да изгледаме убаво надвор од теренот и убаво да се облекуваме. Сметам дека тоа се глупости,” изјави Лис, која по влезот во Топ 100 почувствува голем притисок, но на време сфати дека мора да го смени пристапот за повторно да ужива во играта.

Дел од тој ментален опоравок го најде преку изграбањето на свој силен личен бренд на социјалните мрежи, каде што ја следат над 400 илјади луѓе. Спонзори, како Porsche, ја препознаа нејзината харизма, а таа секојдневно на Инстаграм и TikTok го дели позитивниот аспект од животот на професионалната спортистка.

“Сакам да покажам поинаква, позитивна страна на тенисот и не сакам омразниците да ми го одземат тоа,” заклучува Лис, која за свој мир воведе едно златно правило – никогаш не проверува социјални мрежи веднаш по мечеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави голема вест, се враќа на омилено место

Најдобриот македонски тенисер Новак Ѓоковиќ соопшти дека ќе учествува на АТП турнирот од с…