Дома Фудбал Шок сред интервју: На Нико Ковач ладнокрвно му соопштија дека му починал пријател (Видео)

Шок сред интервју: На Нико Ковач ладнокрвно му соопштија дека му починал пријател (Видео)

Незапамтен шок го дочека хрватскиот тренер Нико Ковач по натпреварот во Штутгарт. Дозна дека му починал поранешниот асистент Петер Херман, а водителот му го соопшти тоа на крајно ладнокрвен начин, сега е на голем удар.

Германскиот стратег Петер Херман почина денес на 74 години.

Човекот кој зад себе имаше години работа во најголемите клубови, каде што главно имаше улога на асистент, почина поради компликации со невролошко заболување.

Херман беше сметан за најдобриот помошник тренер во историјата на Бундеслигата, работеше во Баерн, ХСВ, Шалке, Борусија од Дортмунд, а најголем дел од кариерата го помина во Баер од Леверкузен.

Себастиан Хелман предизвика згрозеност поради сè што се виде. Ковач низ солзи мораше да одговара на прашањето за пријателот кој го изгубил. Вака изгледаше тоа.

Коментарите за Хелман сè кажуваат. Навивачите се згрозени.

„Како некој може да биде толку безобзирен и ладнокрвен?”, се прашуваат многумина, а други додаваат:

„Каков човек треба да си за да немаш нималку емпатија и сред интервју во живо да ја соопштиш веста за смртта на Херман и уште да бараш изјава за тоа. Ковач остана без зборови и е целосно згрозен.”

Ники Ковач пушти неколку солзи откако беше информиран од водителот за смртта на Петер Херман☹️.
Сметам дека ова е навистина несоодветно и непочитливо, без договор, пред вклучени камери да го известите за тоа… pic.twitter.com/fgSn6FDvzs— kingkenni (@kingdortmund) 19 септември, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …