
Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање во редовите на ПСЖ.
Шпанскиот стручњак воведе ново правило во соблекувалната на европскиот првак, така што повеќе нема загарантирано место во стартниот состав, без разлика на името и статусот на играчот. Според информациите на L’Équipe, конкуренцијата во ПСЖ се подигна на целосно нов ниво.
Со своите потези, Луис Енрике јасно покажува дека никој не е над тимот. Така и најголемите ѕвезди како Усмане Дембеле и Квича Кварацхелија оваа сезона веќе завршуваа на клупата или беа заменети уште на полувреме.
Пораката е јасна, сега секој играч мора од натпревар до натпревар да докажува дека заслужува место меѓу стартерите.