Дома Фудбал СПЕКТАКУЛАРЕН ГОЛ: Погледнете еден од најубавите голови во историјата на фудбалот! 

СПЕКТАКУЛАРЕН ГОЛ: Погледнете еден од најубавите голови во историјата на фудбалот! 

Мигел Борја изведе мајсторија за паметење во големото мексиканско дерби меѓу Америка и Гвадалахара. Колумбискиот напаѓач постигна еден од најатрактивните голови на натпреварот, кога во 71-та минута со ножички од околу 12 метри ја испрати топката во мрежата и го намали заостанокот на својот тим на 2:1.

Но, Борја тука не застана. Само три минути подоцна повторно ја затресе мрежата и ѝ донесе на Америка израмнување од 2:2, откако Гвадалахара во првото полувреме стекна предност од два гола. За домаќинот претходно постигна гол Гонзалес, додека вториот гол беше автогол на Васкез.

Искусниот Колумбиец во текот на кариерата настапувал и за репрезентацијата на својата земја, за која одиграл 30 натпревари и постигнал девет гола. Сепак, неговиот спектакуларен гол против Гвадалахара дефинитивно го одбележа ова дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов шок за ѕвездата на Барселона: Со солзи го напушти теренот поради повреда (Видео)

Барселона со победа од 3:1 во Севиља го продолжи својот совршен старт на сезоната, но натп…