
Капитенот на Барселона Рафинја отворено зборуваше за изборот за Златната топка и посочи дека смета дека е голема неправда што ниту тој, ниту Педри не се меѓу 30-те номинирани играчи.
Бразилецот игра во фантастична форма на почетокот од новата сезона. Веќе постигна двоцифрен број голови и е еден од најзаслужните за одличниот старт на каталонскиот гигант. И покрај тоа, неговото име не се најде на списокот кандидати за најпрестижното индивидуално признание во светот на фудбалот.
“Искрено, мислам дека е неправедно што ни Педри ни јас не сме меѓу кандидатите за Златната топка. Не велам дека требаше да ја освоиме наградата, но верувам дека заслуживме да бидеме во конкуренција”, рече Рафиња.
Додаде дека изоставувањето не го скршило, туку дополнително го мотивирало.
“Секако дека човек чувствува разочарување, но не можам да контролирам такви одлуки. Можам само да продолжам да играм најдобро што знам и да покажувам на теренот дека вредам.”
Иако смета дека е оштетен, Рафиња нема двоумење кога станува збор за неговиот фаворит за Златната топка.
“Ламине мора да ја освои оваа награда. Нема друга опција. Со сето почитување кон останатите кандидати, тој е играчот кој најмногу покажал и заслужува признание.”