Дома Фудбал Јамал: Илјада пати сум навредуван на расна основа

Јамал: Илјада пати сум навредуван на расна основа

Ламин Џамал истакна дека многупати бил на удар поради бојата на кожата.

Светски и европски шампион со Шпанија, првак на Шпанија со Барселона, имаше многу непријатни моменти, иако има само 19 години.

„Илјада пати го почувствував расизмот. Луѓето често се индиректно расисти. И тоа не го сфаќаат. Се трудам тоа да не ме вознемирува“, истакна еден од најдобрите фудбалери на денешнината.

Шпанците истакнуваат дека многумина се изненадени што Џамал не реагира на навредите од трибините за време на натпреварот.

„Се знае дека насекаде ни дофрлуваат. Особено на Бернабеу, кога играме против Реал. Кога ми велат дека сум црнец, тоа е вистина. На крајот на денот сум црнец. Ако искрено платил карта и дошол да ме гледа, нема да бидам лут само поради тоа што не ме почитува“, заклучи Џамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…