Дома Фудбал Mбапе кажа кои тројца во овој момент би сакал да може да ги доведе во Реал

Mбапе кажа кои тројца во овој момент би сакал да може да ги доведе во Реал

Интервјуто кое Килијан Мбапе го даде за мадридскиот AS привлече многу внимание, а францускиот напаѓач беше запрашан за тоа кои тројца играчи би ги донел во Реал Мадрид, на што одговори на многу интересен начин.

Мбапе не се појавува често во медиумите, што го направи ова интервју кое го даде за мадридскиот AS да биде во фокусот на фудбалската јавност.

Напаѓачот на Реал Мадрид зборуваше за многу работи, но главната причина за интервјуто беше да објасни зошто на натпреварот против Елче скрил порака на маицата што им беше посветена на жителите на Сеута.

Мбапе објасни зошто не сакал да се види пораката посветена на Сеута која се соочува со голема мигрантска криза во изминативе неколку месеци. Покрај тоа, напаѓачот на „Кралевите“ зборуваше и за многу други теми.

Едно од прашањата за Мбапе беше кои играчи би ги донел во Реал Мадрид кога би имал можност, и французот даде доста интересен одговор.

Тој издвои тројца играчи, но не зборуваше за оние кои моментално играат на највисоко ниво, туку за фудбалери кои се на залез на кариерата или веќе одамна завршиле со активното играње фудбал.

“Кои играчи би ги донел во Реал Мадрид? Искрено… Кристијано, Зидан и Роналдо. Кога би можеле да се вратат, нив би ги донел во Реал”, изјави Мбапе и продолжи.

“Кристијан можеме и да го донесеме бидејќи сè уште е активен. Зизу понекогаш сè уште игра, а Роналдо… класата никогаш не исчезнува”.

Кристијано е од споменатите играчи единствениот активен бидејќи сè уште игра во Ал Наср, додека Зидан заврши со својата играчка кариера пред 20 години и сега е селектор на Франција.

Кога станува збор за Роналдо, легендарниот Бразилец одамна си замина од фудбалот поради повреди, а се пензионираше во 2011 година по кратка епизода во Коринтианс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бајката на португалскиот второлигаш продолжи и во Европа – преживеа 24 удари кон својот гол!

Поразителен успех постигна португалскиот второлигаш Торенсе, кој во својата прва борба на …