Дома Фудбал Во Италија веќе имаат фаворит за заменик на Карик

Во Италија веќе имаат фаворит за заменик на Карик

Италијанскиот стручњак Антонио Конте веќе е означен како фаворит за наследник на менаџерската позиција на Манчестер Јунајтед, доколку биде отпуштен Мајкл Карик, според извори во Италија.

Поранешниот селектор на Италија е слободен агент, откако ова лето се раздели со Наполи. Тој ги исполнува повеќето критериуми кои беа посочувани последните години, откако на „Олд Трафорд“ работите ги води ИНЕОС. Конте има искуство во Премиер лигата, каде што ја освои титулата како тренер на Челси и раководеше со Тотенхем. Тој постигнуваше успеси во речиси сите тимови каде што бил и се смета за еден од најелитните тренери во последната декада.

Во исто време, од „Би-Би-Си“ дополнуваат дека шефовите на „црвените ѓаволи“ сè уште не го изгубиле довербата кон Мајкл Карик, и покрај разочарувачките резултати. Манчестер Јунајтед има три порази во шест натпревари од почетокот на сезоната, а особено разочарувачки беа последните два порази, кои се случија на „Олд Трафорд“ и покрај бројната предност против Манчестер Сити во градското дерби за време на викендот, како и вчерашниот шокантен пораз од Брајтон, откако 20-кратните шампиони водеа со два гола до десеттата минута. Тимот на Карик ќе биде гостин кај Фулам за време на викендот, а нов пораз на „Крејвен Котиџ“ дополнително ќе ја влоши ситуацијата пред паузата за репрезентациите.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте одбил неколку понуди затоа што чека попогоден проект

Италијанскиот експерт Антонио Конте очекува погоден проект и има одбиено понуди од Ал Ахли…