
Италијанскиот експерт Антонио Конте очекува погоден проект и има одбиено понуди од Ал Ахли и Фенербахче наспроти информациите за интерес од страна на Милан, Јувентус и Манчестер Јунајтед, тврди трансфер експертот Фабрицио Романо.
Конте сеуште нема екипа, откако го напушти Наполи на крајот на сезоната 2025/26. Италијанецот ја освои титулата во Серија А и Суперкупот на Италија за време на неговиот двогодишен престој во Неапол.
Од саудискиот Ал Ахли го контактирале Антонио Конте и му понудиле висока плата, но тој не пројавил интерес. Неговото име неодамна беше поврзано и со турскиот Фенербахче, но тренерот повторно одбил, бидејќи оценил дека тоа не е погодниот проект за него. Присуството на Конте на „Сан Сиро“ за вчерашниот дуел меѓу Милан и Бенфика предизвика дополнителни шпекулации за евентуалниот негов премин кај „росонерите“.