
Qatar Sports Investments (QSI), инвестициска група на чело со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, официјално стана единствен сопственик на белгискиот второлигаш КАС Еупен.
Со тоа заврши процесот на преземање кој започна крајот на 2025 година, кога QSI презеде управување со спортскиот сектор на клубот.
Ова е трет фудбалски клуб во сопственост на QSI по ПСЖ и португалската Брага, со што Катарците продолжуваат да го шират својот модел “мултиклуб сопствеништво” низ Европа.
QSI уште во декември 2025 потпиша договор со Aspire Zone Foundation, организација која од 2012 година управуваше со Еупен и го користеше клубот како развојна станица за млади таленти од Катар. По добивањето на регулаторните одобренија, на 17 септември 2026 година преземањето официјално заврши.
Во соопштението од QSI се наведува дека целта е долгорочното спортско и комерцијално зајакнување на клубот, со зачувување на неговиот идентитет како единствениот професионален клуб од германскиот зборувачки регион во Белгија.