
Екипата на Бенфика оствари победа од 2:0 на гостувањето кај Милан во највозбудливиот дуел од првото коло на главната фаза во Лига Европа.
Доди Лукебакио (16’) и Јакуб Камински (53’) ги постигнаа двата гола. Лисабонскиот гигант ја постигна првата победа против „росонерите“ во европските турнири, и тоа против тимот од кој има два изгубени финала во Купот на европските шампиони.
Од друга страна, италијанскиот гигант го претрпе првиот пораз сезонава, откако има две победи и две нерешени во Серија „А“.