
Чарли Морган, претприемачот кој стана познат по инцидентот со фудбалерот Еден Хазард во 2013 година, го продаде својот бренд Au Vodka за 350 милиони евра. Американската компанија за жестоки пијалаци, Sazerac, го превзеде бизнисот. Морган го основа брендот во 2015 година заедно со својот пријател од детството, Џексон Квин.
Морган се најде во центарот на вниманието на медиумите пред 13 години, кога како 17-годишник собираше топки на натпреварот од Лига купот помеѓу Свонси и Челси. Намерно задржуваше топка за да го забави темпото на играта, а во обид да продолжи со играта, Хазард го удри. Белгискиот фудбалер веднаш доби црвен картон, а Чарли Морган преку ноќ стана познат.
Remember when Eden Hazard attacked a ball boy?
— Journal of Warfare (@JournalWarfare) April 8, 2024
The incident involving Eden Hazard and a ball boy occurred during a football match between Swansea City and Chelsea in the English League Cup semi-final on January 23, 2013.
During the second leg of the match, which was played at… pic.twitter.com/HTp3QEpVIk
Само две години по овој настан, Морган и Квин го лансираа Au Vodka. Бизнисот доживеа значителен раст во 2017 година кога познатиот диџеј и водител Чарли Слот инвестираше во брендот. Тој ги искористи своите контакти во музичката индустрија за промоција, а популарноста се зголеми и благодарение на спортските ѕвезди како Флојд Мејведер и Роналдињо, кои го поддржаа брендот.
Што се однесува до односот меѓу Морган и Хазард, фудбалерот се извини на тинејџерот по натпреварот, и двајцата се согласија дека инцидентот е минато. Единаесет години подоцна, повторно се сретнаа, овој пат во сосема различни околности. Во 2024 година, Хазард учествуваше во промоција на вотката на Морган, а заедничките фотографии брзо станаа вирални.