Дома Фудбал Јувентус ја сака ѕвездата на Наполи

Јувентус ја сака ѕвездата на Наполи

Долгогодишниот фудбалер на Наполи, Станислав Лоботка, би можел наскоро да го напушти клубот од југот на Италија, бидејќи нема индикации дека ќе му биде продолжен договорот кој истекува на крајот од сезоната.

Искуствениот словачки фудбалер од 1 јули следната година ќе стане слободен играч, доколку Наполи не ја активира опцијата за продолжување на договорот за сезоната 2027/28.

Од друга страна, Јувентус чека на неговото потпишување, а овој трансфер би добил посебно значење доколку во великанот од Торино остане Лучано Спалети.

Спалети имаше одлична соработка со Лоботка во текот на двете години во Наполи, особено во 2023 година кога беше освоено Скудетото, но прашање е дали италијанскиот тренер ќе остане во Торино до следниот преоден рок.

Иако веќе гази 32-та година, Лоботка и понатаму е важен за Наполи, за што сведочи победничкиот гол против Болоња минатиот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврда: „Последниот танц“ на Лео Меси!

Лионел Меси последен пат ќе биде на списокот на националниот тим на Аргентина. Оваа вест д…