Дома Фудбал Не беше лесно да се каже „не“ на Реал Мадрид, објасни Родри

Не беше лесно да се каже „не“ на Реал Мадрид, објасни Родри

Новиот играч за врска на Барселона Родри објасни дека лично го информирал тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, за својата одлука да ја прифати понудата на каталонците пред таа на “белите”. Светскиот шампион беше слободен играч и доби понуди од двата шпански гиганта.

“Не беше лесно да се донесе одлука, да се каже „не“ на Реал Мадрид не е лесно, особено затоа што се однесуваа на примерен начин со мене”, истакна Родри во интервју за “Мундо Депортиво”.

“Односот беше многу добар. Кога ја донесов одлуката, му се јавив на Мурињо за да му се заблагодарам за интересот и односот. Го сметам за одличен тренер, кој веќе го докажал тоа секаде каде што бил, и Реал Мадрид ќе биде тежок противник во оваа лига“, истакна поранешниот играч за врска на Манчестер Сити.

“Мораше да анализирам многу работи и да донесам толку важна одлука помеѓу два од најдобрите клубови во светот. На крајот ја донесов одлуката врз основа на спортскиот план, на тоа што ме привлече повеќе, и разбирањето каде можам да освојам и најмногу да се развивам како играч. Многу ми се допадна начинот на кој Барса се однесуваше со мене. И најмногу природноста со која разговараа со мене. Беше многу блиско чувство, на семеен клуб, и тоа ме привлече многу. Не се обидуваа да ме убедат со цифри, не. Повеќе беше прашање на фудбал, што сметаа дека можам да додадам на теренот и надвор од него”, рече понатаму Родри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне без дилема кажа кој ја заслужува „Златната топка“

Диего Симеоне немаше никаква дилема кога беше прашан кој треба да ја освои Златната топка …