Дома Фудбал УЕФА одлучи: Финалињата во ЛШ во Минхен и Барселона, европско фианле доби и Белград!

УЕФА одлучи: Финалињата во ЛШ во Минхен и Барселона, европско фианле доби и Белград!

Главниот дом на европскиот фудбал (UEFA) денес одржува седница на Извршниот одбор во Солун, Грција, на која ќе се носат важни одлуки за иднината на европскиот фудбал.

На обемната агенда се најдоа и новиот формат на Лигата на нациите и квалификациите за Европското првенство 2028, што има значајно влијание за Македонија. Седницата ја свика лидерот на организацијата, Александер Чеферин.

Пред гласањето за репрезентативните натпревари, беа избрани и градовите домаќини на следните финални натпревари на најголемите европски турнири.

Минхен и Барселона добија доверба да бидат домаќини на финалата на Лигата на шампионите. Allianz Arena во Минхен ќе го угости финалето на Лигата на шампионите во 2028 година, додека Camp Nou во Барселона ќе биде домаќин следната година.

Голема вест слушна и Белград. Националниот стадион, кој сè уште се гради, ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во 2029 година. На националната арена во Букурешт ѝ беше доделена честа една година претходно.

Така Белград, наместо санкција за прославување на воени злосторници и глорификација на геноцидот во Сребреница, добива можност да организира финале на голем европски фудбалски натпревар.

UEFA денес ќе ги објави и градовите домаќини на сите други финала, вклучувајќи ги и натпреварите од Суперкупот, како и женските натпреварувања, по што ќе започнат одлуките за националните селекции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема бомба од Саудиска Арабија: Кристијано Роналдо го купува Ал Наср!

Кристијано Роналдо би можел од улогата на најголема ѕвезда на Ал Наср наскоро да се пресел…