Дома Фудбал Готово: Брозовиќ потпиша!

Готово: Брозовиќ потпиша!

Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ ја продолжува својата кариера во Катар.

Искусниот играч од средниот ред потпиша договор со Ал Сад како слободен агент, откако ја заврши тригодишната авантура во Саудиска Арабија.

Брозовиќ ќе биде дел од тимот на Ал Сад до 30 јуни 2027 година, со можност за продолжување на соработката уште една сезона.

Последната сезона во Ал Наср беше успешна за Брозовиќ, каде играше рамо до рамо со Кристијано Роналдо и заедно освојуваа шампионската титула на Саудиска Арабија.

За него интерес пројави и друг саудиски гигант и азиски шампион, Ал Ахли, но преговорите не резултираа со договор, па 33-годишниот играч избра да премине во Катар.

Во Ал Сад ќе игра заедно со Роберто Фирмино.

Пред да премине во Ал Наср, Брозовиќ осум години беше дел од миланскиот Интер.

За хрватската репрезентација одигра 99 натпревари и постигна седум голови. Се повлече од националниот тим во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема бомба од Саудиска Арабија: Кристијано Роналдо го купува Ал Наср!

Кристијано Роналдо би можел од улогата на најголема ѕвезда на Ал Наср наскоро да се пресел…