Дома Останати Тенис Ѓоковиќ има голема мотивација да се врати во Топ-10

Ѓоковиќ има голема мотивација да се врати во Топ-10

Новак Ѓоковиќ повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери во светот, со што е прекинат еден од најимпресивните низи во историјата на АТП листата.

Српскиот тенисер прв пат уште од 9 јули 2018 година испадна од Топ 10 на АТП ранг листата. Со тоа заврши низата што траеше повеќе од осум години, во која Ѓоковиќ постојано беше дел од елитното друштво на светскиот тенис.

Ѓоковиќ беше првиот тенисер во светот кој постигна огромен број недели поминати меѓу најдобрите 10, но и на повисоки позиции.

Кога се посматра бројот недели поминати на различни позиции и подобри места, Ѓоковиќ доминира речиси целиот список. На позиција број еден помина 428 недели, додека Роџер Федерер на првото место беше 310 недели.

Ѓоковиќ е рекордер и по број на недели поминати во Топ 2, Топ 3, Топ 4, Топ 5, Топ 6, Топ 7 и Топ 8. Федерер го надминува само кога се гледа времето поминато во Топ 9 и Топ 10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа со голем пад на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа значителен пад на најновата ВТА-ранг-листа и…