Дома Фудбал Jунајтед пред три години му даде гол на Сити од ситуација идентична како за сега што се жалат (Видео)

Jунајтед пред три години му даде гол на Сити од ситуација идентична како за сега што се жалат (Видео)

Реакции и дискусии предизвика постигнатиот гол на Ерлинг Халанд во градското дерби против Манчестер Јунајтед, со кој Манчестер Сити победи со 1:0.

Халанд го погоди голот во 60-та минута од натпреварот, носејќи предност за својата екипа.

Иако првично голот беше поништен поради сигнализиран офсајд, одлуката беше променета по проверка со ВАР и голот беше признаен.

Џошко Гвардиол ја испрати топката, Халанд заврши во голот, и беше утврдено дека Норвежанецот не бил во офсајд позиција.

Сепак, спорен момент беше дека пред Халанд кон топката тргна Енцо Фернандез, оддалечен милиметри од ударот, и играчите на Јунајтед побараа голот да биде поништен бидејќи Фернандез со неговата реакција имаше очигледна намера да ја удри топката, збунувајќи го голманот Сен Ламменс.

Манчестер Јунајтед се жали дека е неправедно оштетен, но фановите на Сити брзо им возвратија, потсетувајќи ги дека Јунајтед постигна сличен гол во градското дерби пред три и пол години.

На 14 јануари 2023 година, Јунајтед го пречека Сити во 20-то коло од англиската Премиер лига и славеше со 2:1 после пресврт.

Голот за 1:1 беше постигнат по јасен офсајд кој не беше свирнат. Каземиро ја испрати топката кон Маркус Рашфорд кој тргна по неа, а Мануел Аканджи и Кајл Вокер се обидоа да го достигнат, но во последен момент Рашфорд застана и дозволи Бруно Фернандес да шутира и да постигне гол.

Иако беше јасно дека Рашфорд учествуваше во акцијата откако беше во офсајд позиција, голот беше признат, но објаснувањето беше дека тој не ја играл топката – идентично на актуелното објаснување за Фернандез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓорѓи Мојсов дојде во Земун, тимот прекина низа од седум порази!

Македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов имаше позитивно деби на клупата на српскиот прволигаш Зем…