Дома Фудбал Емоции и солзи во Боговиње: Шерифи даде гол и го посвети на загинатиот соиграч Николовски (Видео)

Емоции и солзи во Боговиње: Шерифи даде гол и го посвети на загинатиот соиграч Николовски (Видео)

Фудбалерот на Дрита Боговиње, Рамадан Шерифи, со емотивен гест го одбележа убедливиот триумф над Јехона од 7-1. По постигнатиот погодок, Шерифи го посвети голот на својот трагично загинат соиграч Даниел Николовски.

Натпреварот воедно беше одигран во сенка на голема тага поради прераната смрт на 21-годишниот Николовски. Младиот фудбалер летово пристигна во Дрита, но за жал не успеа долго да го носи дресот на клубот од Боговиње. Тој трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот од клучката за Маврово кон Гостивар.

Смртта на Николовски силно ја потресе македонската спортска јавност, а особено неговите соиграчи. Фудбалерите на Дрита одлучија настапот против Јехона да му го посветат на својот млад соиграч, а Шерифи со својот погодок и прослава му оддаде последна почит на зелениот терен.

Иако имаше само 21 година, Николовски зад себе остави солидно фудбалско искуство. Кариерата ја започна во Тетекс од Тетово, а настапуваше и во странство. Беше дел од германскиот нисколигаш Релинген Фремерсдорф, како и од хрватскиот клуб Хрватски Витез од Задар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија Арачиново е хит во ПМФЛ, го победи Скопје и дојде до трето место!

Шкендија Арачиново протодолжува со добрите настапи од почетокот на првенството и по денешн…