Дома Останати Тенис Невиден пад на Ѓоковиќ – ова е новата АТП-листа!

Невиден пад на Ѓоковиќ – ова е новата АТП-листа!

Завршницата на УС Опен донесе големи промени на АТП-листата, а најмногу внимание привлекува падот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот ас од овој понеделник повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери во светот.

Ѓоковиќ поради раната елиминација на последниот Гренд Слем турнир во сезоната остана без значителен број поени. Го совлада веќе во првото коло Аргентинецот Маријано Навоне, па српскиот тенисер не успеа да го повтори резултатот од минатата година.

Таквиот развој на настаните значеше загуба од дури 790 поени, но и пад од седум позиции. Новак сега има 2.980 поени и се наоѓа на 12-то место на ATP листата, што му е најниско рангирање од јули 2018 година.

На самиот врв немаше промени. Јаник Синер и натаму е прв во светот со 11.500 поени, но разликата во однос на Александар Зверев сега е значително помала. Со освојувањето на УС Опен, Германецот стигна до 8.990 поени и дополнително му се приближи на лидерската позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ излезе од топ 10 на АТП листата и го потврди крајот на една спектакуларна ера

Последен пат кога немаше ниту Федерер, ниту Надал, ниту Ѓоковиќ во Топ 10 беше во октомври…