Дома Фудбал Убава слика од Прилеп: Новата Победа пред речиси полн стадион тргна со убедлив триумф!

Убава слика од Прилеп: Новата Победа пред речиси полн стадион тргна со убедлив триумф!

Во Прилеп можеше да се види убава сцена новоформираната ГФК Победа која не е поврзан со стариот славен прилепски клуб во својот прв официјален натпревар славеше убедлива победа.

Имено, на свој терен во рамките од Третата лига новата победа славеше над Превалец од Велес со убедливи 6-0.

Покрај резултатот убава вест за Победа е што трибините беа исполнети речиси до последното место што не е вообичаено и во натпреварите од Првата лига, не пак во Третата.

Инаку, од Прилеп исто така пристигнаа и најави за враќање на старата Победа која поради финансиски проблеми не се натпреварува. Според најавите наскор во клубот би можел да пристигне сериозен инвеститор, а тимот би тргнал од Четвртата лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Taжна сцена од Мадрид: Мурињо ја понижува ѕвездата на Реал!

Ендрик ова лето се врати во Реал Мадрид со големи очекувања. Веруваше дека ќе биде важен и…