
Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стратег на истанбулскиот тим е Антонио Конте, пренесуваат турските медиуми.
Имено, од четвртокот, Фенер е без тренер, откако Исмаи Картал даде оставка по ремито со Рома (1:1) во првото коло од Лигата на шампионите.
Според информациите од beIN Sports, Конте е најголемата желба на управата на “жолто-сините”, а нивната намера е да ја искористат претстојната репрезентативна пауза за да го ангажираат Италијанецот.
Конте во последните две сезони беше на чело на Наполи. Во својот тренерски пат беше задолжен и за екипи како Тотенхем, Интер, Челзи, Сиена, Јувентус, Аталанта, Бари и Арецо.
Дополнително, тој беше и селектор на фудбалската репрезентација на Италија.