
Возбудлива беше средбата во MLS помеѓу Чикаго Фајр и Интер Мајами, каде што своите сили ги одмерија некои од најголемите фудбалски ѕвезди од последната деценија. На една страна беа Лионел Меси, Луис Суарез, Каземиро, а на другата Роберт Левандовски.
Левандовски го донесе домашниот тим во водство уште по десет минути од играта. Бившата ѕвезда на Реал, Каземиро, израмни на 1:1 во 48. минута, веднаш по стартот на второто полувреме, што се испостави и како краен резултат.
Најголемиот инцидент се случи во самиот финиш на натпреварот. Левандовски повторно падна во шеснаесетникот во 89. минута поради наводен прекршок од страна на играчот на Мајами, Јан Фреј, но судијата покажа дека натпреварот продолжува.
Неколку играчи на гости речиси го опколија 38-годишниот напаѓач, а соиграчот на Меси од аргентинската репрезентација, Родриго Де Паул, го одбута Полјакот. Левандовски се засмеа на оваа конфронтација, но Де Паул очигледно не сакаше да се задржи тука.
Снимките покажуваат дека Де Паул продолжил со навреди кон најдобрите стрелец во историјата на Полска, велејќи:
“Кој си ти воопшто, идиот?! Јас двапати ја освоив Копа Америка и Светското првенство – а ти?!” Левандовски надворешно остана целосно мирен.
Токму тоа посебно го привлече вниманието на Златан Ибрахимовиќ, познат по својот темперамент и фактот дека во играчката кариера никогаш не се повлекол од физички контакт.
Швеѓанецот директно изјави што би направил ако се нашол на местото на полскиот напаѓач.
“Левандовски остана исклучително смирен. На неговото место, би го удрил Родриго Де Паул со глава.”