Дома Фудбал Казна за Вардар од ФФМ: Еден натпревар без публика!

Казна за Вардар од ФФМ: Еден натпревар без публика!

Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе повеќе дисциплински одлуки, а меѓу казнетите клубови се најде и Вардар поради случувањата на натпреварот со Арсими.

„Црвено-црните“ викендов славеа со 2-0, но натпреварот беше во сенка на протестот на навивачите, кои го изразија незадоволството од актуелното раководство на клубот.

Дисциплинската комисија на ФФМ одлучи Вардар да го казни со 3.000 евра, а дополнително му изрече и мерка од еден домашен натпревар без присуство на публика.

Казната доаѓа во период кога навивачите започнаа бојкот со јасно барање за промени во управувачките структури на клубот, предводени од Миленко Неделкоски.

Од навивачките редови веќе порачаа дека нема да се вратат на трибините сè додека не дојде до промена на раководството.

ФФМ денеска донесе и други дисциплински одлуки, а целосниот список на казни и мерки е достапен ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаким Зијеш го избра новиот клуб!

Мароканскиот офанзивец на крилна позиција, Хаким Зијеш, најде нова средина откако ја заврш…