
Хвича Кварацхелија се најде на листата од 30 кандидати за престижната Златна топка, а неговото име посебно се издвојува поради неверојатен податок кој не е виден од 2006 година.
Грузискиот репрезентативец е единствениот фудбалер меѓу 30-те номинирани во изборот за Златната топка кој не настапи на годинешното Светско првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Причината е јасна, Грузија не успеа да се пласира на Мундијалот, но тоа не го спречи Кварацхелија да се најде во елитното друштво на најдобрите фудбалери во светот.
Ваква ситуација последен пат се случи во 2006 година, кога номиниран беше Самуел Ето’о, чиј Камерун исто така не учествуваше на Светското првенство.
Кварацхелија така стана единствениот играч на годинешната листа кој немаше можност да се претстави на најголемата фудбалска смотра.
Сепак, она што му недостигаше на репрезентативен план го надополни со фантастична сезона во дресот на ПСЖ.
Кварацхелија со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Лига 1, Европскиот Суперкуп, Интерконтиненталниот куп и Францускиот Суперкуп, а сезоната ја заврши со 24 гола и 10 асистенции во 57 настапи.
Особено се истакна во Лигата на шампионите, каде со своите партии им помогна на Парижаните да стигнат до европската титула.