Дома Фудбал Меси купува второлигашки шпански клуб

Меси купува второлигашки шпански клуб

Суперѕвездата Лионел Меси е блиску до купување на второлигашкиот шпански клуб Елденсе, објавуваат медиумите во Аргентина и Шпанија.

Меси дал принципиелна согласност да ги купи сите акции кои ги поседува мнозинскиот сопственик TH Soluciones Group SAS, а се очекува официјална најава за тоа во наредните денови.

Колумбиската инвестициска група, која го презеде контролата над Елденсе во октомври минатата година, ќе ги пренесе сите свои акции на аргентинецот. Договорот треба да биде одобрен од Високиот спортски совет (CSD) на Шпанија за да стапи на сила.

39-годишниот Меси, кој неодамна се повлече од националниот тим на Аргентина, веќе го купи тимот од петтата шпанска лига Корнела на 16 април. Тој, исто така, треба да добие дел од клубот од Мејџор Лиг Сокер – Интер Мајами, во којшто игра моментално.

Елденсе е со седиште во Елда – мало градче со околу 55.000 жители во источната шпанска провинција Аликанте. Тимот поминал поголем дел од историјата во пониските дивизии на шпанскиот фудбал, но по нови инвестирања игра во втората лига во три од последните четири сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда на ПСЖ влегува во историјата на фудбалот, ова не е видено точно две децении

Хвича Кварацхелија се најде на листата од 30 кандидати за престижната Златна топка, а него…