
Килијан Мбапе синоќа го постигна првиот гол за Реал во новата сезона на Лига на шампиони и даде голем придонес во триумфот на Мадрид против Интер (2:1) во првото коло од групната фаза на елитното европско натпреварување.
Тој гол на Ембапе беше неговиот 71-ви во Лига на шампиони, со што се изедначи на петтото место на вечната листа со поранешниот напаѓач на Реал и шпанската репрезентација, Раул Гонзалес.
Прв е уште секогаш Кристијано Роналдо со 141 гол, пред Лео Меси со 129.
Третото место е за Роберт Левандовски со 109 голови во Лига на шампиони, а четвртото за Карим Бензема со 90.