Дома Фудбал Суперкомпјутер ги изненади фудбалските фанови пред почетокот на Лигата на шампионите! Погледнете кој е фаворит за освојување на елитното натпреварување!

Суперкомпјутер ги изненади фудбалските фанови пред почетокот на Лигата на шампионите! Погледнете кој е фаворит за освојување на елитното натпреварување!

Нова сезона на Лигата на шампионите официјално започнува денеска, а познатиот суперкомпјутер на Опта ги објави најновите прогнози кои ја изненадија фудбалската јавност. Откако беа изведени дури 10.000 детални симулации на целата натпреварувачка година, машината дојде до неверојатен заклучок: двократниот последователен шампион на Европа, Пари Сен Жермен, се најде на петтата позиција помеѓу фаворитите со само 7,1 процент шанси за трет последователен триумф, додека на првото место е – Арсенал!

Тимот предводен од Микел Артета се искачи на врвот на листата со 20,9 проценти шанси конечно да го подигне најважниот клупски трофеј во светот и првпат во својата историја да седне на европскиот трон. По болниот пораз во мај во Будимпешта во финалето против Парижаните по изведување пенали, “Топџиите” имаат 50 проценти шанси да стигнат до полуфиналето и дури 34,8 проценти да се пласираат во големото финале.

Веднаш по Арсенал е германскиот гигант Баерн Минхен, кому суперкомпјутерот му дава 19,4 проценти шанси да ја освои Лигата на шампионите првпат од 2020 година. На трето место е Манчестер Сити со 12,3 проценти шанси во својата прва сезона под раководство на новиот тренер Енцо Мареска, додека Барселона се наоѓа на четвртата позиција со 8,2 проценти. Каталонскиот великан го бара првиот трофеј од 2015 година, а по полуфиналата од 2019 и 2025 година, машината предвидува стабилна позиција во врвот на натпреварувањето.

Пари Сен Жермен, кој по Реал Мадрид стана вториот тим со одбранета титула во ерата на Лигата на шампионите, се спушти на петтото место помеѓу фаворитите. Причината за скромните 7,1 процент шанси е катастрофалниот почеток на сезоната под водство на Луис Енрике – најлош за клубот во последните 19 години. Парижаните го загубија францускиот Суперкуп од Ланс, ремизираа со Рен и Лил во Лига 1, а минатата недела претрпеа пораз и во дербито против Монако (2:1).

На шестото место се наоѓа Ливерпул (6,1%), на кој клупата ќе ја предводи Андони Ираола во својот деби настап во Лигата на шампионите. Едно од најголемите изненадувања е седмата позиција на рекордерот на натпреварувањето, Реал Мадрид. Тимот на Жозе Мурињо има скромни 4,4 проценти шанси за трофејот, што е малку подобро од процентот на Манчестер Јунајтед (3,8%) кој се враќа во елитното друштво. Топ 10 листата ја комплетираат минатогодишниот финалист Интер од Милано и актуелниот освојувач на Лигата на Европа, Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата го проголта европскиот фудбал: Дури и аутсајдерите во Англија имаат пари за кои големите клубови сонуваат

Англиските клубови летово потрошија рекордни 3,46 милијарди фунти, но вистинската сила на …