
Ливерпул ова лето направи неколку трансфери, но изгледа дека на Енфилд уште не завршиле со склопување на тимот.
Црвените меѓу другите доведоа Жереми Жаке, Роналд Араујо и Бредли Баркола, но останаа со многу проблеми на позициите во одбраната, особено на десниот бек.
Ситуацијата дополнително се комплицира со повредите на Конор Бредли и Џо Гомез, додека Жереми Фримпонг засега не успеа да се наметне на начин како што се очекуваше во клубот.
Поради тоа се појавија информации дека Ливерпул разгледува можност за доведување на еден многу искусен играч и по затворањето на преодниот рок.
Станува збор за Дани Карвахал, легенда на Реал Мадрид, кој ова лето го напушти Сантјаго Бернабеу по дури 451 настап за шпанскиот великан.
Информацијата на ТНТ Спортс ја изнесе поранешниот англиски репрезентативец Џолеон Лескoт, кој директно го поврза Карвахал со Ливерпул.