
Поразот од Билбао многу ги заболе во Мадрид. Атлетико се наоѓа во проблеми, а во центарот на вниманието беше Хулијан Алварез кој кога влезе на теренот беше испратен со свирежи од трибините, поради неговата јасна намера да замине во Барселона.
На крајот остана, ќе се чека до јануари за евентуален трансфер, а пред да дојде до тоа, аргентинскиот фудбалер ќе мора да го подобри своето однесување.
И го направи тоа. Како што наведува „Марка”, тој се појави на тренинг во неделата каде се обидуваше да ги придобие сите повторно со залагање на тренинг и позитивен однос кон остатокот од тимот.
На сите им е во интерес Алварез да заигра во најдобра форма, а веќе оваа недела имаат уште еден тежок тест кога им гостува Ливерпул во рамките на Лигата на шампионите.