
Нејмар минува низ тешки моменти. По елиминацијата со репрезентацијата на Бразил веќе во осминафиналето на Светското првенство, Најмар се врати на клубските обврски во Сантос каде што не цветаат рози.
Сантос го очекува борба за опстанок, но без Нејмар кој повторно се повреди.
Се работи за повреда на мускулот на десната нога, а целиот период за рехабилитација би можел да трае до ноември.
Нејмар го посочи како причина за неговите повреди терените во Бразил кои не се идеални.
„Сакам да им честитам на луѓето кои го одржуваат теренот. Вчера беше најлошиот терен кој сум го видел досега, полн со дупки. Неверојатно!”, напиша Нејмар на Инстаграм.