
Џејми Варди стана нов член на Барнли. Англискиот второлигаш ја соопшти веста дека 39-годишниот напаѓач потпишал договор кој ќе трае до крајот на тековната сезона. Варди пристигна како слободен агент откако летово му истече договорот со Кремонезе. “Со големо задоволство го споделуваме пристигнувањето на искусниот напаѓач Џејми Варди, кој потпиша договор за остатокот од сезоната. Добредојде во Барнли, Џејми”, објави клубот.
Варди, по само една сезона, повторно се враќа во англискиот фудбал. Минатото лето го напушти Лестер по 13 години и се приклучи на Кремонезе. Италијанскиот тим не успеа да се задржи во Серија А, додека Варди во текот на сезоната постигна седум шампионатски голови. По истекот на договорот стана слободен играч, а во последните неколку недели се споменуваше негово поврзување со повеќе клубови како Вест Хем, Рексам и Шефилд Венздеј.
We are delighted to announce the signing of experienced forward Jamie Vardy on a contract until the end of the current season.
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) September 6, 2026
Welcome to Burnley, Jamie 🤝