Дома Фудбал Можно е големо предавство: Пет години играше за Реал, а сега го сака Барса!

Можно е големо предавство: Пет години играше за Реал, а сега го сака Барса!

Пет години го носеше дресот на „кралскиот клуб“, а сега е можност да се пресели во Барселона. Ова потенцијално предавство би можело да предизвика значителни потреси во Шпанија.

Австрискиот дефанзивец Давид Алаба би можел да ја продолжи својата кариера во Барселона, а неговото доаѓање во Каталонија би предизвикало вистински фудбалски потрес во Шпанија.

До пред неколку месеци, Алаба беше член на Реал Мадрид, но во „кралскиот клуб“ не го покажа тоа што се очекуваше од него.

Повредите го следеа уште од почетокот на неговото доаѓање во Мадрид, а од можните 257 натпревари за Реал, одигра само 130.

Сепак, иако во Мадрид со нетрпение го очекуваа денот кога ќе се разделат со Алаба, неговото доаѓање во Барселона кај навивачите би било вистинска издаја.

Новинарот Екрем Конур, кој добро го познава трансфер пазарот, пишува за можниот трансфер на Алаба во Барселона.

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, добро го познава 34-годишниот играч од времето минато во Баерн, а каталонскиот клуб високо ја цени Алабината флексибилност, бидејќи може да игра како стопер или на левото крило.

Алаба е слободен играч, што му остава многу отворени опции, а меѓу заинтерсираните за неговите услуги се и Рома и Лацио.

Да добавиме дека Алаба пристигна во Реал во 2021 година од Баерн, а во својата сениорска кариера играл и за Хофенхајм.

За австриската репрезентација одиграл 117 натпревари и постигнал 15 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бензема може да ја заврши кариерата поради историскиот договор во Саудиска Арабија

Француски L’Equipe во неделникот презентира навистина интересна приказна за иднината…