Дома Фудбал Гол и асистенција на Дориев за Согдиана – најдобар стрелец е во Узбекистан!

Гол и асистенција на Дориев за Согдиана – најдобар стрелец е во Узбекистан!

Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана во Узбекистан, откако денеска беше еден од најзаслужните за убедливата победа над Машал Муборак. Македонскиот фудбалер натпреварот го заврши со гол и асистенција.

Дориев во 33. минута одлично го проигра Ивановиќ, кој погоди за водство од 2-0, додека самиот Дориев се запиша во листата на стрелци во 52. минута, веднаш на почетокот од второто полувреме.

За македонскиот напаѓач ова беше уште едно потврдување на одличната форма. По 20 одиграни кола, Дориев е најдобар стрелец во првенството со 14 гола, а има и пет асистенции.

Согдиана, сепак, не се наоѓа високо на табелата и моментно е на десеттото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Турција пресече по четири порази: Јалчин го менува Монтела!

Серген Јалчин ја презема турската репрезентација по разделбата со Винченцо Монтела, а први…