
Враќањето на Стадионот „Спотифај Камп Ноу“, растот на приходите од спонзори и рекордната продажба на производи на клубот му овозможија на Барселона во сезоната 2025/2026 да оствари најголеми приходи во својата историја.
Барселона постигна финансиски резултати какви што никогаш порано не биле забележани. Каталонскиот гигант соопшти дека во сезоната 2025/2026 остварил приход над милијарда евра. Ова е прв пат во историјата на клубот да се пробие оваа магична граница.
Историската информација беше потврдена по редовната седница на Управниот одбор на Барселона, одржана на 3 септември. На неа беа разгледани и завршени годишните финансиски извештаи за претходната сезона. Комплетните резултати ќе бидат изложени на членовите на клубот на Генералното собрание.
Собранието е закажано за сабота, 19 септември. Првиот термин за почеток е одреден за 9:30 часот, а вториот е закажан половина час подоцна. Се свикува согласно членот 27 од клупскиот статут.