
Тренерот на францускиот и европскиот шампион ПСЖ, Луис Енрике, отворено наведува кој би требало да ја освои Златната топка.
Шпанскиот тренер смета дека сезоната на ПСЖ не остава простор за дилема, особено по освојувањето на Лигата на шампионите, и истакнува дека неговиот тим има неколку сериозни кандидати за најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот.
„Златната топка треба да ја освои играч од ПСЖ. Имаме сè во овој тим. Ја освоивме Лигата на шампионите, Фабиан го освои и Светското првенство, а го имаме и Усман Дембеле кој ја освои Златната топка минатата година. За мене е сосема јасно дека наградата треба да припадне на играч од ПСЖ,” рече Луис Енрике.