
Необична ситуација, каква што не се гледа ни во најниските фудбалски лиги, се случи во втората турска лига, на натпреварот меѓу Бурсаспор и Истанбулспор. Судијата Ајберк Демирбас на предлог на неговиот помошник досуди офсајд веднаш по фрлениот аут.
Едно од основните правила во фудбалот е дека нема офсајд кога топката се фрла од аут. Ова предизвика, се разбира, гнев кај играчите на Истанбулспор па како компензација им беше досуден индиректен удар од судијата Демирбас. Бурсаспор го доби овој натпревар со 4:0 и по пет кола е втора екипа во втората турска лига.
Turkish referee gives offside from throw-in
by u/wel0g in soccer